Што доби Алтернатива за да влезе во владата?
Со договорот меѓу Зоран Заев и на Африм Гаши за влегување на Алтернатива во Владата и во парламентарното мнозинство, според неофицијални информации, оваа партија ќе добие три министерски места, тројца заменици-министри и заменик-претседател на Собранието. Неофицијално Алтернатива ќе ги добие министерските места за здравство, за информатика и министер за дијаспора, а заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт. За Алтернатива ќе има и четириесетина директорски и места во управните одбори на државни институции. Ова е неофицијалниот список на функции што ќе и припаднат на оваа партија:
1. Министерство за здравство
2. Министерство за информатика
3. Заменик претседател на Собранието
4. Министер за дијаспора
5. Заменик министер за култура
6. Заменик министер за земјоделство
7. Заменик министер за земјоделство или транспорт за финансии
8. Мепсо
9. Железнички транспорт
10. Управа за болница Тетово
11. Национален граничен координатор
12. Пензиски фонд
13. Регистри
14. Заменик директор во Испитен центар
15. Инспекторат за локална самоуправа
16. Социјален центар Скопје
17. Заменик директор во Сл. весник
18. Директир затвор Идризово
19. Агенција за странски инвестиции
20. Агенција за претприемништво
21. Природно-математички музеј
22 Институт за културно наследство
23. Инспекторат за стандардизација
24. Театар Гостивар
25. Тетовска библиотека
26. Агенција за млади и спорт
27. Заменик директор за индустриска сопственост
28. Помошник министер во МВР
29. Раководител на сектор МВР
30. Раководител на сектор во Царина Охрид
32. Началник за земјоделство во Долнени
33. Агенција за вработување Струга
34. Кино Струга
35. Сектор МВР, Тетово
36. Директор на Клиника Скопје
37. Управен одбор, членови
38. Надзорен одбор, член
39. Директор на Испитен центар
40. Управен совет на МК Патишта
41. Надзорен совет на МК Патишта
42. Управен одбор во железничка инфраструктура
43. Управен одбор на аеродром
44. Управен одбор во Пошта
45. Надзорен одбор во Пошта
46. Управен совет во агенц. за пасишта
47. Директор архив Струга
Ова веќе се зборуваше дека било на преговарачката маса меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Иако потврда нема, а детали се очекуваат да се изнесат во 13 часот, според вчерашната прес-конференција на Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, беше јасно кои ресори ќе и припаднат на оваа партија која се приклучи кон владиното мнозинство.
„ Алтернатива ќе превеземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси. Ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, кажа Муртезини.
Сѐ поизвесно е дека Алтернатива ќе добие и менаџирање со енергетиката. Според непотврдените информации, тие ќе го добијат и директорското место во компанијата МЕПСО која е целосно државна сопственост. Досега со оваа компанија менаџираше Куштрим Рамадани, кадар на ДУИ.Прашани за тоа кој ќе раководи со овие институции и компанијата, портпаролот на Алтернатива не одговори посочувајќи дека нема дозвола од Централното собрание.
Димитар Апасиев од Левица за овој договор напиша: „ЛДП и ДОМ имаа 4 пратеници, а само 1 (небитно) министерство. Алтернатива има 4 пратеници, а ќе има 3 (битни) министерства!? Само јас ли не го разбирам мазохизмот на либералите и зелените?“