Шмигал: На Украина ќе ѝ требаат најмалку 120 милијарди долари за одбрана во 2026 година


Денис Шмихал

 Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека неговата земја ќе има потреба од најмалку 120 милијарди американски долари за одбрана во текот на следната година.

Во објава на платформата „Телеграм“, Шмигал додаде дека се водат преговори со НАТО и Европската Унија за финансирање во износ од 60 милијарди долари.