Шкотската полиција заплени кокаин во вредност од речиси черити милиони фунти

Шкотската полиција заплени дрога во проценета вредност од 3,68 милиони фунти (4,77 милиони долари) за време на рација во Глазгов.
Како што пренесе ДПА, полициските службеници вчера извршиле налог за претрес каде што пронашле големо количество кокаин.
Полицијата на Шкотска соопшти дека истрагата е во тек за да се идентификуваат и пронајдат вклучените лица.
– Оваа многу значајна заплена ја нагласува нашата посветеност за справување со опасните и нелегални дроги во нашите заедници. Решени сме да ја заштитиме јавноста од овој штетен криминал преку попречување на трговијата со дрога и спречување да се шири по улиците на Шкотска. Оваа голема заплена ја потврдува нашата посветеност на работната група за сериозен организиран криминал и на стратегијата за сериозен организиран криминал на земјата, изјави главниот инспектор Дејвид Бел.