„Шкода“ се буди: Расте продажбата, испорачани 450.000 автомобили


Во првите шест месеци од 2024 година, чешкиот производител покажа значителна финансиска сила.

Во првите шест месеци од 2024 година, Škoda ги зголеми испораките на автомобили за 3,8% во споредба со истиот период од претходната година. Од јануари до јуни ширум светот беа испорачани 448.600 возила.

Во првата половина од годината беа лансирани најновите генерации на моделите Superb и Kodiaq, како и надградените верзии на моделите Scala, Octavia и Kamiq.

Еден од главните двигатели е Octavia, најпродаваниот модел на марката, со зголемување на испораките за 24,1% на годишно ниво.

И покрај нестабилниот пазар, Enyaq останува еден од најпосакуваните електрични модели во Европа. Овој целосно електричен SUV доживеа особен успех во Германија, каде беа испорачани 9.600 единици, што претставува зголемување од 22,4% во споредба со првата половина на 2023 година.

Пазари со најдобри резултати беа Германија (91.100 продадени возила), Полска (31.500), Франција (21.500) и Велика Британија (37.600).

Значителен резултат и раст е постигнат во јужноевропските земји како што се Хрватска (5.500), Шпанија (17.500) и Италија (19.300).

Раст забележа и Турција (18.800 продадени автомобили). На домашниот, чешкиот пазар беа испорачани 41.300 возила.

Најбаран модел, како и досега, е Octavia (121.300 испорачани примероци), потоа кросоверот Kamiq (61.100), додека на третото место е Fabia (56.800).