Објавени се минималните плати во Европа. Кој е на врвот по реална куповна моќ? Каде е Македонија?

Во јули 2026 година, Луксембург имаше највисока бруто минимална плата во Европа со 2.771 евра, а по него Ирска со 2.391. Во Македонија таа беше 624 евра


 

Новите податоци на Евростат за втората половина од 2026 година покажуваат дека само осум од 29-те европски земји ги зголемиле своите бруто минимални плати од јануари, додека инфлацијата во еврозоната во истиот период изнесувала 3,2 проценти. Рангирањето на земјите според минималната плата значително се менува кога се зема предвид реалната куповна моќ, пишува Еуроњуз.

Во јули 2026 година, Луксембург имаше највисока бруто минимална плата во Европа со 2.771 евра. Потоа следат Ирска (2.391 евра), Германија (2.343 евра), Холандија (2.338 евра) и Белгија (2.234 евра), формирајќи група од пет земји со минимална плата над 2.000 евра. Франција е блиску до оваа група со 1.867 евра.

Кога платите се изразуваат во стандарди на куповна моќ (ППС), кои мерат што жителите на една земја всушност можат да си дозволат, разликите меѓу земјите стануваат помали, а рангирањето значително се менува. ППС е вештачка единица што овозможува пофер споредба на трошоците за живот.

Screenshot

Во средната категорија, со плати помеѓу 1.000 и 2.000 евра, има девет земји, вклучувајќи ја Хрватска со 1.050 евра. Исто така, тука се и Словенија (1.482 евра), Шпанија (1.425 евра), Литванија (1.153 евра), Полска (1.119 евра), Кипар (1.088 евра) и Грција и Португалија со по 1.073 евра.

Повеќе од половина од набљудуваните земји, 15 од нив, имаат бруто минимална плата помала од 1.000 евра. Најниска е во Украина (169 евра) и Молдавија (313 евра). Во рамките на Европската унија, Бугарија има најниска минимална плата (620 евра), но четири земји-кандидатки имаат поголем износ: Турција (621 евра), Северна Македонија (624 евра), Црна Гора (670 евра) и Србија (743 евра).

Според оваа мерка, Германија е на прво место со 2.164 ППС. По неа следат Луксембург (2.108), Холандија (2.023), Белгија (1.922) и Ирска (1.756). Франција, Словенија, Шпанија и Полска исто така имаат минимална плата над 1.500 PPS. На дното на рангирањето во рамките на ЕУ се Естонија (935 PPS) и Латвија (938 PPS).

Screenshot

Анализата покажува дека некои земји-кандидатки ги претекнуваат членките на ЕУ во однос на куповната моќ. Северна Македонија (1.142 ППС) и Србија (1.094 ППС) имаат повисок минимум по ППС од седум земји-членки, вклучувајќи ги Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.

Споредбата на номиналниот редослед и оној според куповната моќ открива значителни поместувања. Најголеми придобивки остварија Романија, која скокна за осум места, од 20-то на 12-то, и Северна Македонија, која исто така се искачи за осум места, од 24-то на 16-то. Србија напредуваше за пет места, а Хрватска и Бугарија за три места.

Од друга страна, најголем пад забележа Естонија, која падна од 16-то на 26-то место. Латвија, Чешка и Кипар паднаа за четири места. Пет земји-членки на ЕУ немаат законски пропишана национална минимална плата. Тоа се Италија, Данска, Шведска, Австрија и Финска.

Од јануари до јули 2026 година, само осум од 29-те земји што беа набљудувани ја зголемија минималната плата. Најголеми зголемувања беа забележани во Северна Македонија (6,9%), Романија (6,8%) и Естонија (6,8%). По нив следуваат Белгија (5,8%), Грција (4,5%), Луксембург (2,5%), Франција (2,4%) и Холандија (1,9%). Во другите земји, износите останаа непроменети.