Северна Кореја испрати уште 330 балони со ѓубре до јужниот сосед


Војската на Јужна Кореја процени дека уште 330 балони полни со ѓубре биле испратени преку граница од страна на Пјонгјанг во саботата како одговор на испраќањето пропагандни летоци  од страна на јужнокорејските активисти.

„Досега, околу 80 (балони) паднаа во нашата област и ништо не е идентификувано во воздухот во моментот“, се вели во соопштението на јужнокорејската војска. „Анализата на балоните покажува дека тие не содржеле „никакви опасни материи“, се додава во соопштението.

Во два брана минатата недела, Пјонгјанг испрати неколку стотици балони полни со ѓубре, вклучително и догорчиња од цигари и животински измет, до својот јужен сосед.

Според Пјонгјанг, овие „искрени подароци“ биле одговор на испраќањето балони исполнети со пропаганден материјал од страна на јужнокорејски активисти. Северна Кореја тогаш објави дека ќе стави крај на тие акции. Меѓутоа, во петокот, група Севернокорејци кои пребегнаа на југ изјавија дека испратиле десет балони со 200.000 летоци против Пјонгјанг, како и УСБ-стикови со снимени К-поп и јужнокорејски ТВ серии, во правец на Северна Кореја. , каде што таквата содржина е строго забранета.