Села нема да даде оставка на лидерската функција


Фото: Б. Грданоски

Централно собрание одржа вчера Алијанса за Албанците, на кое беа разгледувани резултатите од локалните избори и  формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес. Лидерот  Зијадин Села изјави дека редовниот конгрес ќе биде одржан на 27 март идната година, а тој ќе остане лидер на партијата, односно нема да си даде оставка.

Нов лидер со регуларен мандат ќе се избира на когресот во март, а дали Села повторно ќе се кандидира – вели дека за ова прашање ќе одлучуваат партиските структури.