Се урна ледена пештера на Исланд, двајца исчезнати и двајца повредени


 Две лица се повредени, а уште две се водат како исчезнати откако вчера се урна ледена пештера во југоисточниот дел на Исланд, јави ДПА.

Група од 25 туристи била во посета на глечерот Брејдамеркурјокул како дел од тура со водич кога пештерата се урнала.

Според локалните медиуми, распоредени биле десетици спасувачи, вклучително и специјализирани спасувачи во пештери и два хеликоптери.

Портпаролката на локалните власти изјави дека условите на местото на несреќата се исклучително тешки.