Се спрема атентат на Зеленски?


 

Непознато лице во кол-центарот на украинската Служба за безбедност пријавила дека во тек е подготовка на атентат на претседателот на земјата Владимир Зеленски.

Ова го соопштил извор од Националната полиција на Украина за порталот „Вести“.

Како што се наведува, дојавата за можен атентат на шефот на Украина и напад врз парламентот стигнала во саботата околу 15 часот на мејлот на кол-ценарот. Лицето кое го пријавило се претставило како Владимир Александроцич Георгиев. Полицијата во моментот врши истрага. Официјалните власти не даваат никакви информации.