Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат


Во моментов сме најблиску досега до ставање крај на војната во Украина и прекин на борбите, посочува американски дипломат, нагласувајќи дека веројатно никој нема да биде задоволен од никаков договор за прекин на огнот за кој ќе се согласат Москва и Киев, но дека сите се согласуваат оти мирот е многу подобар од војната. 

– Она што е потребно во овој момент е двете страни да се сретнат и да преговараат за траен мир. На масата е се она што е потребно, но двете страни ќе мора да се согласат. И состанок што може да се случи в четврток навистина е најохрабрувачкото нешто што го имавме во последниве три години од оваа бескрајна и навистина непотребна војна. Но, во исто време, таа треба да заврши. Треба да имаме мир во Европа и треба да се осигураме дека борбите ќе престанат, наведува дипломатскиот извор. 

Тој посочува дека американскиот претседател Доналд Трамп е фокусиран на „ставање крај на колежот и убиствата“ што се случуваат во Украина и на овозможување траен мировен договор, но дека единствен начин да се случи тоа е двете страни да седнат да преговараат за мировен договор што ќе стави крај на убивањето.  

– Мора да седнеме на масата за да преговараме за крај на оваа војна. Ако не седнеме на масата, тогаш нема да има крај на оваа војна, додава американскиот дипломат.