СДСМ: Жугиќ бараше гумени куршуми за „шарените“, не и е местото во МКЦ
-МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура.Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје, вели Васев.