СДСМ прашува: За кои реформи и пари зборува Кочовска?


Венко Филипче вели дека СДСМ нема да биде алиби за Христијан Мицкоски за нови избори
СДСМ реагира на тврдењата дека Македонија била „реформски лидер“ прашувајќи кои се тие реформи и колку многу се тие пари што ќе ги добие државата, сега кога е објавено дека Црна Гора ќе добие над три милијарди евра, а ние само шеесетина милиони..
 
-Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда?
 
Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А, министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери.За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра од Планот за раст на ЕУ. И тоа е „најмногу“?
 
Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета? Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата?Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат, реагираат СДСМ.