СДСМ му рече „не“ на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори


СДСМ го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за организирање брзи парламентарни избори, откако вчера не успеаја да изгласаат недоверба на владата.
 
-Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните за да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните по толку кажани лаги. Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени со многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ…Токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори, порачаа од СДСМ.