СДСМ и Филипче го уништија здравството, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа. Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која ветувањата за нов клинички центар беа наречени „нова лага на Мицкоски“.
„ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со обезбедени 128 милиони евра. Доколку проектот беше реализиран, граѓаните ќе имаа современ Клинички центар уште во 2021 година.
Наместо реализација, СДС и Филипче го закочија проектот и почнаа да пласираат нови ветувања и нови суми, без конкретна реализација. Од 128 милиони евра стигнаа до најави за проект од 500 милиони евра, но без ниту една лопата на терен.
За новиот клинички центар се разгледува локација кај базенот „Борис Трајковски“, кој заедно со „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на тој ултра модерен клинички центар“, велат од владејачката партија.