СДСМ и ДУИ денес на средба за парламентарното мнозинство
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии
кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со Европската унија.
„Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието за да се приклучат на парламентарно мнозинство или да го поддржат. Сите тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ ќе се приклучат кон ова парламентарно мнозинство.Јас сум уверен дека Зоран Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, процес што
не завршува за еден ден туку мислам дека ќе трае еден месец. Дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и ќе продолжиме со реформи преку првично одобрување на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, изјави Груби.
Тој вчера разговарал со премиерот Заев за средбата што ја имал со Алтернатива и најави дека денеска ќе имаат нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство.
-Не верувам и не очекувам драматични случувања во земјава и убеден сум дека и Гаши, но и другите албански политички партии, вклучително и Касами и Села, се свесни за значањето на овој момент и за случувањата што се превземаат во Брисел во насока на отворањето на преговорите, така што нема да направат
ниту еден чекор за да ја загрозат европската иднината на земјата, посочи Груби.