СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?


 
СДСМ прашува дали таткото на пратеникот Јован Јаулески учествувал во нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа реагира партијата. 
 
-Вчера се објавија информации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија. Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко.
Оттука логично се поставува прашањето дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага? Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?
 
Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции, порачаа од СДСМ.