Само шест илјади Палестинци добиле дозвола да слават Велигден во Ерусалим


Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за Велигден.Израелските власти вчера ги блокираа христијанските верници да влезат во црквата на Светиот гроб во окупираниот Ерусалим, кога тие се обидоа да ја одбележат Велика Сабота. 

Израелската полиција постави воени контролни пунктови на патиштата што водат до црквата во Стариот град, проверувајќи ги личните карти и не дозволувајќи им влез на многу млади луѓе, пренесе палестинската државна новинска агенција ВАФА. 

Црковни извори изјавија за WAFA дека годинава се издадени само 6.000 дозволи за христијаните на Западниот Брег, и покрај тоа што заедницата брои околу 50.000 на палестинските територии.