Саканиот дедо ги смири браќата Вилијам и Хари (хронологија на еден погреб)


Англија-Собрани заедно во најтажни околности, војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс приредија манифестација на единство на погребот на нивниот сакан дедо, принцот Филип.

Помирени за прв пат во повеќе од една година – и видени заедно во јавноста за прв пат откако војводата и војвотката од Сасекс дадоа интервју на Опра Винфри – отуѓените браќа разговараа заедно по церемонијата во 15 часот во капелата Сент Џорџ.

Иако не одеа рамо до рамо во поворката зад ковчегот на војводата од Единбург, тие се бараа еден со друг по 50-минутната служба и се вратија заедно до замокот Виндзор.

Првично беше виден принцот Хари како разговара со војвотката од Кембриџ додека ја напуштија капелата и почнаа да одат, но потоа се чини дека таа се откажува, за да може да разговара со принцот Вилијам.

Семејството требаше да биде свикано назад кон државниот влез на замокот со државни возила, но наместо тоа ја донесоа одлуката во последен момент да одат, охрабрени од сончевото сино небо над Виндзор.

Се смета дека браќата исто така сакале да ги смират муабетите дека едвај разговараат откако војвотката од Сасекс и рече на г-ѓа Винфри, неименуван член на кралското семејство се интересирал за бојата на кожата на Арчи, а војводата тврдеше дека татко му и брат му биле „заробени“ во монархијата .

Се чинеше дека браќата  не биле во близок контакт во ниту еден момент за време на осумминутната поворка, додека тие се радуваа на нивниот постар братучед Питер Филипс (43).

Војводата од Кембриџ, Вилијам, 38, влезе во црквата од о 15 век едно место пред неговиот брат, принцот Хари, 36, и тие беа седнати еден спроти друг за време на церемонијата, Вилијам со сопругата Кејт, 39.

Додека војвотката од Кембриџ изгледаше како да гледа во нејзиниот зет, браќата изгледаа дека гледаат кон олтарот или долу во текот на целото време.

Се претпоставуваше дека загубата на нивниот „најмил дедо“, кого и двајцата длабоко го сакаа, ќе го започне процесот на помирување – и знаците денес изгледаа ветувачки.

Пред настанот, извори од обете страни изјавија дека принцовите сакаат да ги остават своите разлики настрана во поддршката на нивната баба и разговарале на телефон откако принцот Хари пристигна во Лондон во неделата.

Тие не беа во можност да поминат некое време заедно, откако принцот Филип почина на 9 април, на возраст од 99 години, бидејќи војводата од Сасекс беше во карантин во Фрогмор Котиџ, неговата поранешна куќа во Виндзор, откако слета на лондонскиот аеродром Хитроу со закажан лет од Лос Анџелес.

Во меѓувреме, Вилијам и Кејт ги поминуваа велигденските празници во Амнер Хол, нивниот дом на имотот на Квинс Сандрингем во Норфолк со своите деца принцот Џорџ,7, принцезата Шарлот, 5, и принцот Луис, 2.

Носејќи црни маски за лице, двојката беше забележана како го напушта својот дом во западен Лондон, палатата Кенсингтон, денес доцна наутро пред да се вози на 20 милји до Виндзор за погребот.

Последен пат браќата беа видени во јавноста заедно на 9 март 2020 година, кога присуствуваа на Комонвелтската служба во опатијата на Вестминстер.

Лекарите ја советувале бремената војвотка од Сасекс да не лета за погребот, но се разбира дека ја гледала телевизиската церемонија од нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

Синоќа, еден инсајдер во палатата изјави дека браќата биле свесни за „оптиката“ да не одат заедно во погребната поворка и „ја разбрале важноста“ да се постави обединет фронт.

Не е познато колку долго принцот Хари ќе остане во Велика Британија. Со Меган ја очекуваат приновата, ќерка, во јуни. (Телеграф)