Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија.

-Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека најавува штрајк со глад, рече Ломџарија по средбата со Саакашвили, пренесе Тасс.

Правобранителот додаде дека поранешниот грузиски претседател ги негира обвинувањата и себе се смета за политички затвореник.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера изјави дека нема да го помилува поранешниот претседател, а сега опозицискиот политичар Саакашвили, откако тој вчера беше уапсен на враќање во земјата, по осум години минати во бегство во Украина.

Веста за апсаењето ја објави премиерот Иракли Гарибашвили, откако Саакашвили, кој беше осуден во отсуство под обвинение за злоупотреба на службената положба, објави на својот профил на Фејсбук дека се вратил во земјата и се наоѓа во градот Батуми, што грузиските власти првично го негираа.

Грузиските власти постојано повторуваат дека Саакашвили, кој беше претседател на земјата од јануари 2004 до ноември 2013 година, ќе биде уапсен веднаш по неговото пристигнување во земјата.

Саакашвили е обвинет за злоупотреба на службената положба и прикривање на докази за кои во 2018 година беше осуден во отсуство на затворска казна, а тој тврди дека сите обвиненија против него се политички мотивирани. 

Апсењето се случи 18 часа откако Саакашвили, кој беше прогласен за виновен во отсуство и кој живееше во Украина во последните осум години, објави на Фејсбук дека се враќа во Грузија.

Инаку, Саакашвили вчера изутрина соопшти дека пристигнал во својата татковина по осумгодишно отсуство.

„Добро утро, Грузија. Веќе сум во Грузија по осум години “, напиша тој на својата страница на Фејсбук.

Политичарот објави и видео со кое потврдува дека пристигнал во Батуми.

„Ова е мојот Батуми. Ова требаше да биде мојот американски технолошки универзитет Батуми, кој го уништија. Можевме да имаме вакцина денес, а ковидот немаше да убие толку многу луѓе. Многу ми недостасуваа овие места. Мојот сон се оствари денеска“, напиша тој.

Потсетувајќи дека во сабота, 2 октомври, во земјата се одржуваат локални избори, Саакашвили ги повика граѓаните да излезат на избори и да ги „заштитат“ своите гласови.

Меѓутоа, грузиските власти прво демантираа дека тој се вратил во земјата.  Грузиското Министерство за внатрешни работи прво тврдеше дека Саакашвили не ја минал државната граница. Претседателот на владејачката партија „Грузиски сон-Демократска Грузија“, Иракли Кобахиѕе, исто така рече дека Саакашвили не е во земјата. -Саакашвили не е во Батуми. Видеото на Михаил Саакашвили не е снимено во Грузија, рече тој.

Кобахиѕе го нарече поранешниот шеф на државата „кловн“ и рече дека навистина би сакал тој да се врати во Грузија.

-Тогаш целото општество ќе види каков кловн е Михаил Саакашвили, и тоа ќе стави крај на целата гротеска во грузиската политика, вклучително и во однос на поларизацијата, рече тој.

Марија Барабаш, вработена во канцеларијата на Саакашвили во Киев за грузиската телевизија „Мтавари Архи“, не ги потврди или негираше информациите за престојот на политичарот во Грузија. Таа само објави дека Саакашвили го напуштил Киев.

-Пред три дена го собра тимот и рече дека оди во Грузија, бидејќи сега е пресвртница за земјата, кога мора да се направи избор помеѓу Европа и минатото. Ни рече дека мора да замине затоа што таму се одржува важен референдум и мора да биде во Грузија, рече Барабаш.

Саакашвили во понеделникот вечерта објави дека купил авионска карта за Тбилиси за 2 октомври – за локалните избори.

И покрај тоа што беше во странство осум години, поранешниот претседател се уште се смета за водечка опозициска фигура и ги повика поддржувачите на митинг во главниот град Тбилиси оваа недела, наведува Би-Би-Си.

Тој во неколку наврати ги повика гласачите да го поддржат Обединетото национално движење (ОНМ) на денешните избори. Таа главната опозициска партија што тој ја основаше и од неа се очекува да се спротистави на владејачката партија Грузиски сон.