Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола


Фото: Б. Грданоски

 Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои три се активни, три под контрола и 11 пожари се изгаснати.

Како што стои во соопштението од ЦУК, активни се пожарите во општина Илинден кај село Ајватовци каде што гори ниска вегетација, во општина Долнени кај селата Црнилиште и Долгаец каде што гори нискостеблеста вегетација, како и во општина Липково кај селото Никуштак каде што гори мешана шума.

Од ЦУК известуваат дека пожарите на планината Кожуф, повеќенаменското подрачје Јасен и дивата депонија кај Вардариште се ставени под контрола. 

– До 21:00 часот на територијата на Република Северна Македонија има вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои три активни, три под контрола и 11 изгаснати. Активни: Општина Илинден, с. Ајватовци (ниска вегетација); Општина Долнени, с. Црнилиште и с. Долгаец (нискостеблеста вегетација); Општина Липково 2, с. Никуштак (мешана шума); Под контрола: Општина Гевгелија, планина Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод, повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гази Баба, Вардариште (ѓубриште), стои во соопштението на ЦУК.