Руските хакери и војската работат во тандем, вели „Мајкрософт“


Телевизиската кула во Киев беше погодена од проектил во почетокот на март

 

Руските владини хакери извршиле најмалку 37 сајбер-напади врз Украина од почетокот на инвазијата, се вели во извештајот на „Мајкрософт“.

Истражувачите на технолошкиот гигант рекоа дека дигиталните напади врз Украина започнале една година пред инвазијата и можеби ја поставиле основата за воени мисии.

Исто така, компанијата откри дека хакерството и воените операции функционираат во тандем, фокусирајќи се на истите цели, но „Мајкрософт“ рече дека не е јасно дали има координиран план или тие се само водени од заеднички цели.

На 1 март, денот кога беше истрелан проектил врз ТВ кулата во Киев, медиумските компании беа погодени од деструктивни хакери и сајбер-шпионажа, се вели во извештајот.

Додека руските сили го опсадуваа градот Мариупол, Мајкрософт“ рече дека Украинците почнале да добиваат е-пошта од руска организација која се преправала дека е жител на Украина, лажно обвинувајќи ја владата дека ги „напушта“ своите граѓани.

Виктор Жора, украински функционер за сајбер-безбедност, рече дека продолжува да гледа како руските хакери ги гаѓаат телекомуникациските компании и операторите на енергетската мрежа на дневна основа, објави Ројтерс.

„Верувам дека тие можат да организираат повеќе напади врз овие сектори. Не треба да ги потценуваме руските хакери, но веројатно не треба да го преценуваме нивниот потенцијал“, рече тој.