Руските бродови бегаат на отворено море по ударот со ракети на крстосувачот „Москва“

Се верува дека има огромен број загинати морнари на запалениот брод. Наводно, Путин бил „бесен“ откако му ја соопштиле веста во текот на ноќта


Сателитска снимка на крстосувачот „Москва“ на „Максар“ на 7 април во пристаништето во Севастопол

 

Русија ги оддалечи своите воени бродови подалеку од украинскиот брег, изјави денеска претставник на одбраната на Соединетите Американски Држави, откако се верува дека двоен украински ракетен напад го погодил главниот брод на Црноморската флота и предизвикал тој да „почне да тоне“.

Како знак дека Кремљ можеби ги повлекува своите поморски сили надвор од ракетниот дострел, високиот функционер рече дека бродовите на Москва сега се на 80 наутички милји од брегот откако „Москва“ – крстосувач со наведувани ракети од советска ера од класата „Слава“ – бил „сериозно оштетен“ во текот на ноќта од пожар и експлозија.

Руското Министерство за одбрана се обиде да ја минимизира штетата на воениот брод, велејќи дека денеска пожарот е локализиран. Тврдеше дека пловилото останува да плива, ќе биде одвлечено во пристаништето, дека веќе нема отворен оган кон бродот и дека експлозиите на муницијата престанале.

Сепак, американскиот функционер рече дека Москва сè уште се справува со пожар и се верува дека претрпела значителна штета, според дописникот на Ен-Би-Си. Имаше некои извештаи дека бродот дури потонал или барем бил непоправлив.

Бродот, исто така, залута блиску до брегот и барем во една прилика се чини дека бил на 60 милји од брегот, што го прави ранлив на ракетни батерии кои имаат дострел до 300 километри.

Доколку се потврди дека „Москва“ потонала или е трајно онеспособена тоа ќе ја означи најголемата поединечна загуба најголема жртва нанесена од Украина на руската војска за време на војната досега и еден од најголемите бродови изгубени во борба од крајот на Втората светска војна.

Тоа, исто така, би означило уште една понижувачка загуба за вооружените сили на Путин, при што се вели дека рускиот лидер бил „бесен“ откако ја добил веста.

Според руските медиуми, Путин бил информиран за загубата на бродот во текот на ноќта и погрешно му било кажано дека нападот бил извршен со британско оружје.

Путин бил „бесен“ на начин „невиден досега“, објави телеграмскиот канал General SVR. Каналот тврди тие информации му се од поранешен таен службеник со врски во Кремљ.

Киев претходно официјално тврдеше дека стои зад нападот за кој рече дека воениот брод „почнал да тоне“, бидејќи поморските аналитичари велат дека бродот и неговиот 510 членови на екипажот биле оставени како патки откако пловеле во дострелот на крајбрежните ракетни батерии на Украина.

Украина соопшти дека пожарот на бродот бил предизвикан од две крстосувачки ракети „Нептун“ истрелани од една од нејзините батерии во близина на пристанишниот град Одеса. Во ударот можеби загинале стотици морнари. Руските спасувачки бродови беа попречени од експлозија на муницијата на бродот, како и од лошите временски услови. „Москва“ сега почна да тоне, додадоа командантите.

Џон Кирби, портпарол на Пентагон, рече дека бродот бил на околу 100 километри од брегот на Одеса кога доживеал „прилично голема“ експлозија што предизвикала „голема штета“. Кирби рече дека бродот и понатаму плови и во моментов оди полека кон пристаништето во Севастопол, Крим. Тој рече дека САД не можат да кажат дали експлозијата била предизвикана од украински проектили.

„Москва“ би требало да е опремена со моќни радарски низи за да ги водат нејзините противбродски, противвоздушни и противподморнички ракети, кои исто така се користат за управување со шест „блиски вооружени системи“ кои се дизајнирани да ги отстранат доаѓачките.

Не е јасно како точно Украинците можеа да навлезат во овие одбрани. Извори поврзани со руската група „Вагнер“ сугерираат дека беспилотните летала „Бајрактар“ можеби биле користени за да го одвлечат вниманието или да го совладаат радарот пред нападот, иако исто така е можно беспилотните летала да се користеле како набљудувачи за да ги насочат дојдовните проектили кон целта.

Истите руски воени извори тврдат дека „Москва“ била двапати погодена од проектили, се превртела и се запалила. Украинските медиуми се преполни со тврдења дека бродот потонал, иако руското Министерство за одбрана го демантираше тоа – велејќи дека тој и понатаму е „пловен“ и ќе биде одвлечен до пристаништето.