Рускиот опозициски активист Кара-Мурза осуден на 25 години затвор

Драконска пресуда против критичарот на Кремљ е бидејќи објави дека руските сили бомбардирале станбени области, породилишта, болници и училишта во Украина


 

Судот во Москва го осуди опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза на 25 години затвор, во еден од најпознатите случаи до сега кога руски дисидент беше затворен поради противење на инвазијата на Украина.

Кара-Мурза, татко на три деца, кој има руско и британско државјанство и студирал на Универзитетот во Кембриџ, беше приведен во април 2022 година и обвинет за ширење лажни информации за руската армија во Украина. Подоцна тој беше обвинет и за „велепредавство“ поради серија јавни говори што ги имаше во кои ги критикуваше политиките на Кремљ и војната во Украина.

Пресудата на Кара-Мурза е најголемата казна до сега доделена на политички противник на Владимир Путин, додека Кремљ дополнително ја засилува својата немилосрдна репресија на несогласувањето.

Во последниот говор пред судот минатата недела, Кара-Мурза упати пркосен тон, одби да побара од судот да го ослободи и рече дека стои зад сѐ што кажал.

„Само се обвинувам себеси за една работа“, рече Кара-Мурза (41), кого Амнести интеренешенел го нарече „затвореник на совеста“.

„Не успеав доволно да ги убедам моите сонародници и политичари во демократските земји за опасноста што актуелниот режим на Кремљ ја претставува за Русија и за светот“.

Еве дел од она што им кажа Кара-Мурза на судиите пред изрекувањето на пресудата:

„Членови на судот: Бев сигурен, по две децении поминати во руската политика, по сето она што го видов и доживеав, дека ништо повеќе не може да ме изненади. Морам да признаам дека згрешив. Бев изненаден од степенот до кој моето судење, во својата тајност и неговото непочитување на правните норми, ги надмина дури и ‘судењата’ на советските дисиденти во 1960-тите и 70-тите. И при тоа и да не ја спомнуваме строгоста на казната што ја бара обвинителството или зборувањето за ‘државни непријатели’. Во овој поглед, отидовме подалеку од 1970-тите – сè до 1930-тите“.

Кара-Мурза потоа зборуваше за неговото судско сослушување и евентуалното затворање.

„Во последните изјави пред судот, обвинетите најчесто бараат ослободителна пресуда. За лице кое не сторило никакви кривични дела, ослободителната пресуда би била единствената правична пресуда. Но, јас не барам ништо од овој суд. Ја знам пресудата. Го знаев тоа пред една година кога видов луѓе во црни униформи и црни маски како трчаат по мојот автомобил во ретровизорот. Таква е цената за зборување во Русија денес.

Но знам и дека ќе дојде ден кога ќе ја снема темнината над нашата земја. Кога црното ќе се вика црно и белото ќе се вика бело; кога на официјално ниво ќе се препознае дека два пати два сѐ уште се четири; кога војната ќе се нарече војна, а узурпаторот узурпатор; и кога оние кои ја поттикнаа и ја покренаа оваа војна, наместо оние кои се обидоа да ја запрат, ќе бидат препознаени како криминалци.

Овој ден ќе дојде неизбежно како што пролетта следи дури и по најстудената зима. И тогаш нашето општество ќе ги отвори очите и ќе се згрози од тоа какви страшни злосторства се направени во негово име. Од ова сознание, од оваа рефлексија, ќе започне долгиот, тежок, но витален пат кон обновувањето и реставрација на Русија, нејзиното враќање во заедницата на цивилизираните земји“.

Владимир Кара-Мурза е казнет и со 400 илјади рубли, забрана за новинарство на 7 години и ограничена слобода по отслужување на 1,5 година.

Според истрагата, Кара-Мурза, додека ја извршувал функцијата заменик-претседател на организацијата Отворена Русија, неколку години давала помош на организации од земјите на НАТО. Обвинителите сметаа дека тоа е „насочено против безбедноста на државата“ и забележаа дека опозиционерот добивал 30.000 долари месечно за своите активности. Материјалите на обвинителството, исто така, наведуваат дека Кара-Мурза објавил „намерно лажни информации дека руските вооружени сили бомбардирале станбени области, породилишта, болници и училишта“ во Украина во изјавата во Претставничкиот дом на Аризона.

Карта-Мурза се изјасни за невин. „Русија ќе биде слободна, кажете им на сите“, рече тој по објавувањето на пресудата. Процесот се одвиваше зад затворени врати. За одбележување е дека судијата Сергеј Подопригоров е обвинет во „листата Магнитски“.

Адвокатката Марија Ајсмонт ја најави својата намера да поднесе жалба на пресудата, бидејќи „за време на разгледувањето на случајот беа направени голем број сериозни процедурални повреди“.

Кара-Мурза помина една година во истражнен затвор. Претходно адвокатите пријавија нагло влошување на неговата здравствена состојба. Поточно, тој изгуби 22 килограми. Дополнително, лекарите открија дека тој има полиневропатија – „значајна васкуларна лезија на двете стапала“. Пред еден месец, екстремитетите на Кара-Мурза почнаа да се вкочануваат. Адвокатот Вадим Прохоров го поврза ова со труењата во 2015 и 2017 година.