Руската полиција се откажа од обвиненијата против новинарот Игор Голунов


Руската полиција ги отфрли сите обвиненија за трговија со дрога против Иван Голунов, истражувачки новинар, чие апсење доведе до голем протест на јавноста.

Владимир Колоколцев, министер за внатрешни работи, рече дека одлуката е донесена поради недостиг на докази. Полицијата соопшти дека ќе биде ослободен од домашен притвор. Голунов (36) се соочи со затворска казна во траење од 20 години за она што другите го гледаа како обид да се замолчат неговите остри извештаи за корупцијата.

Неочекуваниот потег се случи по невидена поддршка од руските новинари и културни личности. Голунов, кој работи за веб-страницата со вести од Латвија „Медуза“, беше претепан од страна на полицијата и беше задржан во притвор 12 часа откако беше притворен во централна Москва на 6 јуни, рече неговиот адвокат Сергеј Бадамшин.

Некои полицајци вклучени во случајот привремено беа отстранети од должност, рече министерот за внатрешни работи, додавајќи дека планира да побара од претседателот Владимир Путин да разреши друг висок полициски персонал.

„Верувам дека правата на секој граѓанин, без оглед на неговата професија, мора да бидат заштитени“, рече Колоколцев. Пред полицијата да се повлече, речиси 25.000 луѓе се пријавија на страната на Фејсбук, изразувајќи ја својата намера да учествуваат на маршот во знак на протест во средата, во знак на солидарност со Голунов.

Валентина Матвиенко, претседател на горниот дом на рускиот парламент и долгогодишен сојузник на Путин, стана највлијателна личност во одбраната на новинарот.

„Ова е многу лоша приказна“, рече таа. „Има многу прашања за кои јавноста мора да добие јасни и разбирливи одговори. Ова е или непрофесионалност, непромисленост или провокација“.

Матвиенко, кој е номинално третиот најмоќен политичар во Русија, рече дека случајот бил преземен под лична контрола на Јури Чаика, јавниот обвинител.

Кремљ во понеделникот призна дека веројатно биле направени грешки- во справувањето со случајот. (Гардијан)