Руска судијка падна низ прозорец
Пензионираната московска судијка Наталија Ларина (50)падна од прозорецот на нејзиниот стан.
Непосредно пред нејзината смрт, таа наводно пријавила во полиција дека измамници ја убедиле дека нејзината банкарска сметка е под закана од луѓе кои сакале да и испратат средства за помош на вооружените сили на Украина. Таа ја префрлила својата готовина (20.000 долари) на друга сметка, претходно ја дополнила со кредит и така станала жртва на измама. Многу Руси паднаа на ваков тип на измами во последните месеци. Изворите велат дека таа се вознемирила што била „измамена“ и оставила белешка. Сепак, засега нема официјална потврда за оваа верзија на настаните.
Ларина беше кривичен судија повеќе од 15 години, а нејзината смрт дојде неколку месеци откако ненадејно го напушти судот Тагански.Таа дејствуваше како судија во разни случаи на измами од висок профил. Во 2015 година, таа го задржа во притвор уметникот Пјотр Павленски кој ја запали вратата од зградата на ФСБ на плоштадот Лубјанка во политички протест. Претходно таа донесе пресуда против тврдокорните национални болшевици, а во 2011 година, Ларина го осуди службеникот во Министерството за транспорт Владимир Макаров, обвинет за сексуална злоупотреба на неговата ќерка.
Ларина не е единствениот висок руски функционер чија смрт од паѓање низ прозорец предизвика сомнеж од почетокот на руската инвазија на Украина. Од почетокот на целосната инвазија на Владимир Путин на Украина, имаше серија мистериозни смртни случаи на високи руски функционери, тајкуни, нафтени директори и бизнисмени, од кои голем број доживеаја смрт со паѓање од прозорците.