Русите скандализирани од „речиси голата забава“ на славните личности
Руското општество беше скандализирано од забавата на ТВ водителка и видео блогерка Анастасија Ивлеева во московскиот клуб „Мутабор“, на која гостите беа замолени да се појават „речиси голи“. Повеќето познати личности забележани на забавата – Филип Киркоров, Дима Билан, Ксенија Собчак, Лолита Миљавскаја, Алена Водонаева, Џиган и многу други познати ликови од московската забавна сцена – носеа проѕирни облеки и долна облека.
Раперот Васио од Екатеринбург се покажа како најгол: неговата облека се состоеше од патики и еден чорап, но не на нога.
Руските функционери и провоените активисти остро ја критикуваа забавата дека оди против конзервативните вредности на земјата. Екатерина Мизулина од Лигата на слободен Интернет, група за притисок усогласена со Кремљ која се залага за построги правила за тоа што може да се каже и прави онлајн, повика на бојкот на присутните.
„Ваквите дружења се удар во ногата на целата политика што ја спроведува државата“, напиша Мизулина во четвртокот на апликацијата за пораки Телеграм. „Посетителите на забавата живеат во поинаков свет од остатокот од земјата“.
„Овие луѓе треба да бидат бојкотирани на државно ниво“, рече таа.
Полицијата изврши рација во Мутабор на вториот ден од „речиси голата“ забава . На настанот му било дозволено да продолжи еден час подоцна од планираното и гостите биле „многу пооблечени“ од претходниот ден.

Самата Ивлеева се потсмеваше на критиките, велејќи со сарказам дека „ сака“ кога „оваа земја, овој свет не се прифаќаат едни со други“.
„Ги гледаме убавите, тенки западни модели и велиме „Боже, тие се толку убави, тие се толку кул.“ Кога ќе излезат нашите убави и фит уметници, сите велат: „Ф*к, како можат да го направат тоа “, рече Ивлеева.
На забавата организирана од богати познати личности од шоубизот во Москва беше и „кумата на Путин“ што предизвика бес кај пропагандистите на Владимир Путин за непочитување на војниците кои се борат во Украина
Во петокот, московскиот суд го затвори присутниот рапер од Екатеринбург, Николај Васиљев, кој настапува под името VACÍO – на 15 дена под обвинение за ситно хулиганство и го казни со 200.000 рубли (2.100 долари) за „геј пропаганда“.