Русите го гранатираа Запорожје, има мртви
Во руското гранатирање што траеше цела ноќ во четвртокот, убиени се најмалку двајца во украинскиот град Запорожје, а оштетени или уништени се неколкус танбени згради. Дојде и до пожар, вели регионалниот гувернер Олександр Старух утринава.
Една жена загинала во гранатирањето, а другата починала на пат кон болница, откако Русите извршија седум напади.
Старух потврдува дека најмалку петмина се под урнатините на зградите. „Многу луѓе се спасени. Меѓу нив и тригодишно девојче, детето е загрижено. Акцијата за спасување продолжува.“
Запорожје е една од четирите украински региони кои Русија ги припои. Киев вели дека никогаш нема да го прифати незаконското одземање на своите територии, а анексијата ја осудија и украинските сојузници.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди руската држава да ја преземе контролата над нукеларната електрана „Запорожје“, најголема во Европа, со која уште управуваат украинските инженери, покрај тоа што руските сили ја зазедоа на почетокот на војната.
Електраната е на првата линија на фронтот и двете страни предупредија на опасност од нуклеарна катастрофа.