Русија во училиштата распредели чувари, учениците ќе ги предупредува против демонстрации


 

Русија сака да распореди чувари во училиштата по протестот против затворањето на дисидентот Алексеј Навални за да се осигураат дека учениците повеќе не одат на тие протести, јави весникот „Комерсант“.

Посебно обучен персонал треба да разговара со младите на нивни јазик за недопуштените собири.

Руските власти со денови се обидуваат на секој можен начин да ги сузбијат протестите во знак на поддршка на Навални.

Сега училиштата се под зголемен надзор затоа што многу од демонстрантите се млади. Според активистите за човекови права, само минатата недела низ цела земја се уапсени 205 малолетници.

Министерот за образование Сергеј Кравцоц не сака таа воспитна работа да им ја препушти само на учителите. Овие инструктори треба да почнат со работа во целата земја од следната година.

Ќе работат во 10 региони следните неколку месеци, за што за еден месец ќе добиваат дополнителни 160 евра.

Делеа предупредувања, постигнаа спротивен ефект

Кремљ се труди да дојде до младото населени кое се информира преку мобилни телефони по пат на социјалните мрежи, место по пат на државните медиуми под надзор.

Навални (44), како ни еден друг политичар во Русија, се потпира на интернетот, а на државната телевизија доаѓа дамо кога се појавува на суд.

Веќе се одржани два големи протести ширум земјата на кои се бараше пуштање на Навални и се изразуваше противење на политиката на претседателот Владимир Путин.

Во многу руски училишта дури и на настава се делеа предупредувања за протестите, но се чини дека тоа имаше спротивен ефект: родителите во Москва известија дека ова е прв пат нивните деца даслушнат за Навални и дека сега повеќе се заинтересирани за него.

Рускиот суд во вторникот ја претвори условната казна во затворска во траење од 3 години и 6 месеци. Како одговор на тој потег се очекуваат нови протести.