Русија секој ден со нов негативен рекорд од Ковид-19
Русија денеска потврди 752 починати од последици од Ковид-19 во еден ден, што е најголем број од почетокот на пандемијата, а досега со оваа болест починаа 142.253 луѓе.
Кризниот штаб задолжен за пандемијата објави дека во изминатите 24 часа потврдени се нови 25.082 заразени, од кои 5.694 во Москва.
Со тоа бројот заразени се искачи на 5.758.300.
Сојузната статистичка канцеларија изнесува сопствени податоци, па така во петокот објави дека од април 2020 година до мај 2021 година потврдени се 290.000 смртни случаи поврзани со Ковид 19.