Русија ќе гради џиновски автопат долг 2.000 километри за да се поврзе со Кина


Рускиот премиер Дмитриј Медведев одобри изградба на автопат долг 2.000 километри, што би требало да ја поврзи Русија со Кина.

Изградбата на автопатот ќе чини 9,4 милијарди долари.

Автопатот од руско-кинеската граница ќе се простира на запад и ќе претставува најкраток пат за копнен транспорт на стока од Кина во Европа. Исто така ќе го олесни и автомобилскиот сообраќај помеѓу Европа, западна Русија и Централна Азија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година ја промовираше инфраструктурната политика – изградба на пристаништа, патишта и железница со цел да се создаде нов трговски коридор, кој ќе ја поврзи Кина со Азија, Африка и Европа.