Русија ја нападна Украина и на новогодишната ноќ, Зеленски порача дека ќе опстојат


Едно лице загина, а осум се повредени на новогодишната ноќ во Одеса во напад на руски дрон, јави во понеделникот БТА. Нападот, кој дојде од морето, предизвика пожари во два повеќекатни станбени блока во 1 часот по полноќ.

Украинската војска, цитирана од Ројтерс, соопшти дека цел на нападот била пристанишната инфраструктура и дека избувнал пожар во еден од пристанишните терминали.

„Јасен приоритет на непријателот останува пристанишната инфраструктура на Одеса. Голем број беспилотни летала беа насочени од морето кон крајбрежната зона“, соопшти јужната воена команда на Украина.

Според прелиминарните информации од апликациите од Одеса во „Телеграм“, погодени се 5 цивилни објекти.

Во текот на ноќта беа лансирани вкупно 90 руски беспилотни летала, од кои 87 украинската армија успеа да собори.

Воздушен напад имаше и врз градот Лавов во западна Украина. „Ројтерс“ пишува дека украинската воздушна одбрана ги одбива нападите. Според градоначалникот на Лавов Андриј Садови, низ градот одекнале експлозии, а на местата на инцидентите избувнале пожари. Не се дадени повеќе детали.

Москва информираше исто така дека украинската армија го гранатирала градот Доњецк, кој е  окупиран во источна Украина. Според локалните власти назначени од Русија, четири лица загинале, а 13 се повредени.

На 29 декември Русија лансираше речиси 160 беспилотни летала и проектили врз украинските градови во најмасовниот воздушен напад од почетокот на војната. 31 лице загина, а над 130 се повредени. Воздушните напади продолжија и во следните денови.

Денес украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна отпорноста на својот народ во време на крвопролевање во долгиот  и лирски новогодишен говор, додека рускиот лидер Владимир Путин го истакна единството на неговата земја во кратка и остра порака во која само минливо се споменува војната.Говорите – традиционалните пораки на 31 декември и во Русија и во Украина – се совпаднаа со зголемувањето на воздушните напади на крајот на годината, но ниту една страна не успеа да се истакне на фронтот во 2023 година.

„Главниот резултат на годината, нашето главно достигнување: Украина стана посилна“, рече Зеленски во телевизиско обраќање, илустрирано со снимки од градовите кои се нападнати и состаноци со лидерите на западните сојузници на Украина.

Спомнувајќи 14 пати „војна“ во својата 20-минутна порака, Зеленски исто така вети, како и пред една година, дека ќе надвладее слободна Украина.

„Без разлика колку ракети ќе истрела непријателот, без разлика колку гранатирања и напади – гнасни, безмилосни, масовни, непријателот прави во обид да ги скрши Украинците, да ги заплаши, да ја собори Украина, да ја доведе во незаконитост, ние сè уште ќе опстанеме“, рече тој.

Коментарите на Путин, кој се кандидира за претседател во март, беа контраст на оние на Зеленски, а исто така и на неговиот говор минатата година, кога тој ја прикажа војната како речиси егзистенцијална битка.Оваа година тој ги нарече руските војници „наши херои“, но не ја спомна Украина по име, ниту „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната.

„Не еднаш докажавме дека можеме да ги решиме најтешките проблеми и никогаш нема да отстапиме бидејќи не постои сила што може да не раздели. Ние сме една земја, едно големо семејство“, рече Путин во четириминутниот говор. облечен во костум и црвена вратоврска на позадината на ѕидовите на Кремљ.

Ниту Путин, ниту Зеленски не ја споменаа линијата на фронтот долга 1.000 километри, каде што контраофанзивата на Киев имаше мал успех и каде Москва ја продолжува својата најнова, но бавна офанзива на нејзиното источно крило, со цел зголемување на украинската територија што ја контролира. И додека Зеленски зборуваше за околу 6.000 воздушни напади во Украина во текот на изминатата година, Путин не спомна никакви напади – ниту еден за кој Русија вели дека Украина го извршила врз Белгород на 30 декември, при што загинаа 24 руски цивили.

И двајцата зборуваа за силата на нивните земји и нивниот народ, при што Путин рече дека идните заеднички напори ќе ги направат Русија и нејзиниот народ посилни, а Зеленски дека војната веќе ја покажа силата на Украинците.

„И како и минатиот 31 декември, така и денеска велиме: „Не знаеме со сигурност што ќе ни донесе новата година. Но, оваа година можеме да додадеме: Што и да ни донесе, ќе бидеме посилни“, увери Зеленски, цитиран од Ројтерс.

Киев изврши воздушен напад врз рускиот пограничен град Белгород на 30 декември, при што загинаа 10 цивили, а 40 беа повредени.