Русија истапува од Светската туристичка организација
Рускиот амбасадор во мадрид, Јуриј Корчагин соопшти денеска дека Русија истапува од членството во Светската туристичка организација (UNWTO), затоа што одреден број земји ја монополизираа таа организација во настојување на ја „протуркаат“ одлуката за суспендирање на членството на неговата земја.
„Мора да констатираме дека еден број земји членки практично ја монополизираа UNWTO кои оваа организација ја користат за своите заеднички интереси“, рече рускиот амбасадор на вонредната седница на Генералното собрание на UNWTO, пренесе Тасс.
Корчагин наведе дека со „употреба на масовна антируска пропаганда, со уцени и притисоци од земјите членки на UNWTO, се форсира одлуката за суспензија на членството на Русија, што го сметаме за неелгитимно и политички масовен потег со цел демонстративно да се казни една актуелна членка на оваа организација на Овбединетите нации која води самостојна внатрешна и надворешна политика.“
„Не сметаме дека е рационално да продолжиме со работа во оваа организација“, рече рускиот дипломат.