Русија до странските компании: Ќе ве банкротираме ако не оставите!


Русија  ги предупреди странските бизниси кои се повлекуваат од земјата дека ќе го разгледа секој чекор за затворање на операциите и отпуштање на работниците како однапред смислен банкрот, што практично ќе го отвори патот за нивна експропријација.

Првиот вицепремиер Андреј Белоусов, главен економски советник на претседателот Владимир Путин, рече дека странските бизниси се добредојдени да останат или привремено да им ги доверат своите бизниси на локални партнери.

Во спротивно, Белоусов порача дека ако „компанијата целосно ги запира операциите во Русија, го затвора своето производство и го отпушта својот персонал, тоа ќе се третира како намерен банкрот“.