Рудникот Саса ќе биде казнет до 100.000 евра за загадувањето на Каменичка Река


Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор.

Согласно направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во  Рудникот Саса направен констатирано е дека во раните утрински часови во траење од еден ипол час  се случило испирање на јаловишен песок од 3.000 метри кубни од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба.

Од страна на водостопански инспектор започната епостапка за спогодување  за Прекршоци од трета категорија за кои е пропишана максимална глоба  од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице. Правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.