Рот ја повика Бугарија да ги отстрани пречките за Македонија во ЕУ


Германскиот државен министер за Европа , Микаел Рот, пред утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел порача дека  кредибилитетот на Европската унија е доведен во прашање во Западен Балкан поради ветото на Бугарија кон Македонија. 

„По изборите одржани во Бугарија, сега е клучно бугарското раководство конечно да ја исполни својата европска одговорност и да ги отстрани пречките за првата меѓувладина конференција за пристапување на Северна Македонија и Албанија“, порача Рот. 

Ова е уште еден од серијата притисоци и пораки упатени на адреса на Софија која речиси една година го одолговлекува спорот вадејќи се на нестабилната политичка ситуација и изборите едни по други. На утрешниот состанок на министрите на ЕУ проширувањето ќе биде една од трите главни теми – со владеењето на правото и излегувањето на Велика Британија од ЕУ и проблемите што ги создава тоа.  

Дека има притисоци тврди и „Еурактив“ во текстот посветен на изборите во Бугарите и македонските шанси за пробив во Брисел.