Рисима Рисимкин со предавање за компјутерски генерирана кореографија во Кина


Од денеска до 3 јули, во рамки на Културната унија помеѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа и програмата за танцови работилници, која ќе трае во следните шест месеци деканката на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот “Гоце Делчев”, професор д-р Рисима Рисимкин, ќе одржи серија предавања на тема “Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“. Во програматаа ќе земат учество повеќе европски и кинески предавачи, во текот на следните шест месеци, а честа да ја отвори оваа програма ја има токму професорката Рисимкин.

 

„Навистина сум возбудена од овие предавања и огромниот интерес кои го побудија кај студентите на Културната унија. За мене е прекрасно ново искуство, овоие предавања за поврзување на уметноста и технологијата, по споделувањата на сцените во Братислава, (Словачка), Загреб (Хрватска) и Рига (Латвија), да ги сподела со огормен борј на студенти кои ги следат предавањат овие три дена. Компјутерски генерирана короеграфија е термин кој се јавува кон крајот на минатиот век и кој интензивно се развива и сметам дека е одлична прилика студенти од областа на танцот да се запознаат со овие нови интенции.“ – вели професорката Рисимкин.

Трудот „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“ на професорката Рисимкин, беше првично презентиран и објавен во рамки на Научната конференциај ЕТИМА 2021. Рисимкин и понатаму го развива истражувањето во последната година и ги споделува своите сознанија со глем број на танцови уемтници од светот.

Воедно, во склоп на предавањата професорката Рисимкин ќе ги претстави студиските програми на Катедрата за современ танц при УГД, за додипломски и мастер студии, како и отворањето на првите докторски студии од областа на теоријата на танцот кај нас, кои ќе започнат со работа од септември 2023 година,  со цел да се привлечат што повеќе странски студенти, кои оваа Катедра веќе ги има меѓу редовите на своите студенти.