Ресторан мора да плати 2,7 милиони евра на девојка: Не ја предупредиле (видео)
Џенесис Монита, 19-годишна девојка од Сан Антонио, го тужела американскиот синџир ресторани Бил Милер во 2023 година, откако истурила сос на нозете и се здобила со изгореници од втор степен.
Таа ги обвинила дека сосот и „испаднал од рака затоа што бил премногу жешок“ и дека вработените во ресторанот „не ја предупредиле за неговата температура“.
Таа исто така во тужбата навела дека сосот бил 12 степени потопол отколку што требало. Наведено е и дека Монита трпела не само физички, туку и психички болки и дека изгубила дел од платата за време на боледувањето и за плаќање на медицинските трошоци. Адвокатот на ресторанот рече дека температурата на сосот е иста како и секогаш – околу 73 степени.
„Кај Бил Милер, сосот е секогаш жежок и сите муштерии го знаат тоа. Затоа е секогаш лут. За што требаше да ја предупредиме Монита ако веќе не знаеше?” изјави адвокатот Бери МекКленахан.
Синџирот ресторани мора да плати отштета од огромни 2,8 милиони долари (околу 2,7 милиони евра) – 900.000 долари за ментална и физичка болка, повеќе од 25.000 долари за медицински трошоци и 1,9 милиони долари за казнена отштета.
„Задоволни сме од пресудата. Генезис само сакаше да дојде до правдата“, рече нејзиниот адвокат.