Репортери без граница го ставија Орбан на списокот непријатели на слободата на медиуми
Репортери без граници прв патсврстија некој челник на влада, членка на Европската унија, на својата листа „непријатели на слободата на медиумите“. Така, на списокот се најде унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Откако Викотр Орбан и неговата партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година, чекор по чекор ги ставаа медиумите под своја контрола“, објави РБГ денеска во Берлин.
„Јавните медимуи се централизирани во државниот медиумски холдинг МТВА, кој вклучува и единствената унгарска новинска агенција МТИ“, соопштио РБГ.
„Регионалниот печат во потполност е во сопственост на претприемачи кои се пријателски наклонети кон Орбан, од летото 2017 година. Во есента 2018 година речиси 500 провладини медиумски фирми се споени во холдинг, зацентрално да се координира нивното известување.“
На листата 37 члници на држави и влади
На листата „непријатели на слободата на миедумите“ се наоѓаат 37 челници на држави и влади кои немилосрдно ја сузбиваат слободата на медиумите.
Нови на листата, покрај Орбан, се бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој повеќе пати беше против медиумите, и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. него РБГ го обвинуваат за злосторства против човештвото, поради убиството на новинарот Џалам Кашоги.
Челницата на Хонгконг, кери Лам исто така е нова на списокот. „Во кинескиот посебен управен регион, весникот Епл дејли, симбол на слободата на печатот, мораше да престане со работа во јуни“, додаваат.
РБГ, својата листа на „непријатели на слободата на медиумите“ ја објавува од 2001 година.