Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните


Температурите на површината на големи делови од ледените плочи на Антарктикот се зголемија во просек за 10 степени Целзиусови над нормалата во изминатиот месец во нов рекорден топлотен бран.

Додека температурите остануваат под нулата на поларната копнена маса, која е обвиена во темнина во овој период од годината, на јужната хемисфера, температурите достигнаа и 28 степени, што е над сите очекувања.

Исто така, температурите постојано ја надминуваат границата на пораст од 1,5 степени, што се смета за најлошото сценарио за климата во иднина.

„Обично не можете да гледате климатски тренд само еден месец, но тоа е во согласност со она што го предвидуваат моделите“, изјави метеорологот Мајкл Дјукс за Гардијан. „На Антарктикот воопшто, ваквото затоплување во зима и продолжување во летните месеци може да доведе до колапс на ледените плочи“, предупредува тој.