Рекорден број починати во еден ден во Русија од почетокот на пандемијата – 737 лица


Само 18,9 милиони Руси се целосно вакцинирани од вкупното население на земјата од 146 милиони: вакцинален центар во Москва (Фото: Ројтерс)

Во последните 24 часа во Русија, најголем број на луѓе починаа од Ковид-19 за еден ден од почетокот на епидемијата – 737.

Заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 23.378 новоинфицирани со корона вирусот.

Од минатата недела, бројот на заразени на дневна основа е двојно зголемен.

Сепак, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени, Кремљ наведува дека не се планираат нови затворања.

Од почетокот на епидемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе биле заразени во Русија, а 139.316 од нив починале. Се верува дека бројките се дури и поголеми од официјално објавените.