Разголената девојка на џипот на Хамас прогласена мртва
Девојката со германско и израелско потекло, Шани Лук, која беше заробена на музичкиот фестивал во јужен Израел на 7 октомври од Хамас, е мртва, потврди израелското Министерство за надворешни работи. Во Германија, „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше нејзината мајка дека телото на нејзината ќерка сè уште не е пронајдено, но дека е пронајден дел од коска на черепот и земен примерок од ДНК што доведе до идентификација. Широко виденото видео од 7 октомври ја прикажа Лук онесвестена во задниот дел од џипот.
Претседателот на Израел Јицак Херцог потврдил за „Билд“ дека Шани Лук е пронајдена обезглавена. „Нејзиниот череп е пронајден. Тоа значи дека тие варварски, садистички животни едноставно и ја отсекле главата“, рекол тој за „Билд“.
Израелското Министерство за надворешни работи ја избриша пораката што ја објави претходно во која се наведува дека Шани Лук била потврдена мртва заменувајќи ја со порака која сè уште ја потврдува нејзината смрт, но повеќе не спомнува дека е пронајдено нејзиното тело. Германските медиуми претходно објавија дека нејзините останки биле идентификувани преку ДНК.Во пораката објавена на социјалните мрежи пишуваше:

„Со разочарување споделуваме дека телото на 23-годишната Шани Лук е пронајдено и идентификувано. Шани, која беше киднапиран на музички фестивал и измачувана, со која се парадираше низ Газа од страна на терористите на Хамас, доживеа невидени ужаси. Нашите мисли и молитви се со пријателите и семејството на Шани за време на овој незамислив кошмар. Нека е благословен нејзиниот спомен“.
Мајката Рикарда Лук рече дека телото на нејзината ќерка сè уште не е пронајдено, но дека е пронајден дел од коска на черепот и дека сега претпоставува дека нејзината ќерка е мртва од 7 октомври.Првично, пишува весникот, семејството на Лук претпоставувало дека младата жена е сериозно повредена, но жива и како заложник на Хамас. Нејзиното семејство активно води кампања за ослободување на сите заложници.
JUST IN: German-Israeli festival attendee Shani Louk, who was filmed being paraded around in her underwear by Hamas with her legs broken, is confirmed dead.
The news comes after her mother told news outlets earlier in the month that her daughter was alive.
The family says Louk… pic.twitter.com/Kt6pHMdgZp
— Collin Rugg (@CollinRugg) October 30, 2023