Расте процентот заразени во Италија


 

Веќе неколку седмици бројот жртви и новозаразени од Ковид-19 во Италија е стабилен, но епидемиолозите предупредуваат дека растот на процентот заразени во однос на бројот тестирани загрижува.

Вчера процентот изнесуваше 5,6 отсто и е во пораст од претходниот ден, пишува Анса.

Во последните 24 часа регистрирани се 274 нови жртви, а од 170.000 тестирани 13.500 се позитивни на корона вирус.

Според соопштението од министерството за здравство, досега против Ковид-19 се вакцинирани 3,5 милиони луѓе, од кои 2.200.000 се здравствени и санитарни работници, а остатокот се постари луѓе над 80 години.