Радев и Макрон разговараа во Стразбур за Македонија


 Бугарскиот претседател Румен Радев разговарла во Стразбур со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на претседателот на Бугарија. Теми на разговорот биле прашања што ги поврзуваат Бугарија и Франција,како  влезот на Бугарија во Шенген и за европската перспектива на  Македонија.

Радев посочил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Република Северна Македонија, што ќе гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права и прекин на говорот на омраза.