Путин: Санкциите се цената што Русија мора да ја плати за слободата
Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека неговата земја може да помине низ какви било санкции што Западот ќе ги наметне врз неа.
Кремљ ќе го прикаже истиот наратив што го има како одговор на претходните санкции – дека Западот бара каков било изговор да ја санкционира Русија.
Владимир Путин минатата недела рече дека Западот со години води економска војна против Русија со цел да го поткопа нејзиниот развој.
Тој се обидува да му каже на рускиот народ дека тие всушност се жртви овде и дека нема причинско-последична врска со она што се случува во Украина.
Според неговите зборови, западните санкции се цената што Русија мора да ја плати за слобода и независност, јави Би-Би-Си.
Наративот на Кремљ е дека ова не е војна – тоа е специјална воена операција дизајнирана да ги брани интересите на луѓето што зборуваат руски што живеат на истокот на Украина.
Но, сè повеќе Кремљ ја прикажува Украина како вистински агресор.
Украина, им се вели на Русите, се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, се обидува да развие биолошко и да користи такви видови оружје против Русија.
Во врска со снимката од Буча, некои Руси го гледаат тоа, но им се кажува дека тоа се лажни вести.
Многу е тешко да се добие пристап до други извори на информации, дури и до каналите на социјалните медиуми – многу од нив се блокирани.
И премногу Руси веруваат во тоа што им се кажува.