Путин го утврди тимот за преговори во Турција

Претседателот на Русиј Владимр Путин го утврди сосавот на руската делегација која ќе отпатува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ.
Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.
Во делегацијата се и заменикот на рускиот министер за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната управа на Генералштабот на руската војска Олег Костјуков и заменик министерот за одбрана Алексанадар Фомин.
Одреден е и тим експерти кои ќе учестуваат во преговорите.
Директните разговори на двете страни ќе се одржат во четврток во Истанбул, пренесува „Спутник“.
Инаку, Медински ја предводеше руската делегација на преговорите со Киев исто така во Истанбул во 2022 година.
Именуван е тим од четири члена експерти кои исто така ќе учествуваат во разговорите, вклучувајќи една жена.
Имињата на сите членови на делегацијата беа објавени на веб-страницата на Кремљ.
Составот на украинската делегација беше претходно објавен. Од Киев, во преговорите ќе учествуваат шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана Рустем Умеров, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и претседателскиот советник Игор Жовква.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека сака да го види само Путин на преговарачката маса. Разговорите се закажани да започнат во четврток, 15 мај.