Путин го ратификуваше стратешкиот договор со Иран

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран.
Со договорот се утврдува правната рамка за понатамошен развој на соработката меѓу Москва и Техеран, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми.
Тој го гарантира статусот на Русија и Иран како стратешки партнери и ги покрива сите сфери, вклучувајќи ја одбраната, борбата против тероризмот, енергетиката, финансиите, транспортот, индустријата, земјоделството, науката, културата и технологиите