Пуштени во продажба влезниците за завршницата на ракометниот Куп
Ракометната федерација на Македонија објави дека во продажба се пуштени влезниците за полуфиналните дуели од Купот во двете конкуренции. Цената на еден билет изнесува 400 денари.
Со еден билет ќе можат да се следат полуфиналните дуели во двете конкуренции (мажи и жени). Кај мажите на 17.април (петок) играат: ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер и Алкалоид – Вардар, а на 18.април (сабота) се играат дуелите кај жените: ЖРК Пелистер – Ѓорче Петров ЖРК и Спартак – Чаир Скопје.
Натпреварите се играат во салата „Парк“ во Струмица.
Цената за финалните натпревари што се играат в недела (19.април) дополнително ќе биде објавена.
Бранители на пехарот се Вардар кај мажите и Ѓорче Петров кај жените.