Масакр во градинка во Тајланд – убиени 31 лица, меѓу кои и деца


 

Најмалку 31 лице е убиено во масовно пукање во градинка во североисточна провинција на Тајланд, соопшти полицијата.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачот се убил и себеси и своето семејство.

Престрелката се случила попладнето по локално време, додека децата во градинката спиеле.

Локалните медиуми објавија дека пукањето се случило во областа На Кланг во провинцијата Нонг Буа Ламфу.

Чанпен Дечпок, началник на селото, изјави за „Гардијан“ дека децата во центарот биле на возраст за јасли. Тој не можеше да го потврди бројот на загинати.

Полицијата соопшти дека билансот на загинатите е 31, а меѓу жртвите има и деца и возрасни. Тие рекоа дека напаѓачот бил поранешен полицаец.

Стапката на поседување оружје во Тајланд е висока во споредба со некои други земји во регионот, но официјалните бројки не вклучуваат огромен број на нелегално оружје, од кои многу биле донесени преку порозни граници.

 

Според неофицијални информации, напаѓачот наводно пукал и прободувал со нож, возрасни и деца.

Масовните престрелки се ретки, но во 2020 година, војник лут поради договор за имот уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во дивеење што опфати четири локации.