Провладин руски сајт објави дека загинале 13.144 војници, потоа ја избриша информацијата
Про-Кремљ публикацијата „Реадовка“ објави вечерта на 21 април на нејзиниот профил на мрежата „ВКонтакте“ дека загубите на руската армија во Украина изнесуваат 13.414 луѓе, а исчезнале уште околу седум илјади луѓе, повикувајќи се на затворен брифинг на руското Министерство за одбрана. Се зборува и за 116 загинати и повеќе од 100 исчезнати членови на екипажот на потонатиот крстосувач „Москва“.
Објавата беше избришана набргу потоа, но е достапна на веб-архивата.
Утрото на 22 април, публикацијата објави дека нејзиниот профил на „ВКонтакте“ била хакирана.
Од почетокот на војната во Украина, Министерството за одбрана на Руската Федерација само двапати ги соопшти загубите на руската армија. На 2 март, ,инистерството објави 498 мртви и 1.597 ранети; на 25 март 1.351 загинат и 3.825 ранети.
Генералштабот на вооружените сили на Украина изјави дека во текот на педесет и шест дена од војната, борбените загуби на руските трупи изнесувале околу 21.200 луѓе.