Пропадна евакуацијата на цивили од челичарницата „Азовстал“
Украина вели дека нема спогодба за хуманитарен коридор од челичарницата.
Не постигнале спогодба со Русија за формирање хуманитарен коридор со кој цивилите би се извлекле од опколениот град Мариупол, рече заменичката на украинскиот претседател.
Ова доаѓа откако Русија објави прекин на огнот за да се овозможи на цивилите кои се наоѓаат во скривниците во опколената челичарница „Азовстал“, да ги напуштат и да заминат на безбедно.
„Важно е да се разбере дека хуманитарниот коридот се отвора со договор од двете страни. Еднострано најавениот коридот не пружа безбедност, па затоа не е ни хумантарен коридор“, објави заменичката на Зеленски.